Free zone

Разликите меѓу вас мажите и спротивниот пол!

Секогаш се прават споредбни меѓу двата пола и често луѓето што бранат повеќе една од страните се или феминисти или шовинисти. Ова се некои основни разлики меѓу нив, што не ги прави едните појаки, другите покревки, става тенка црта меѓу двата пола.

  • Физички – мажите се посилни од жените.

Мажите се повисоки, потешки, со поразвиени мускули од жените.
Мозокот на жените е поголем од мозокот на мажите.

  • Психички – мажите се агресивни, а жените смирени.

Жените се повеќе емоционални од мажите, или пак тие знаат подобро да ги изразуваат чувствата.

Мажите од деца се учеле дека е срамно да плашат, што е е случај и кај жените. Жените се позборлести, повеќе внимателни, почувствителни за разлика од мажите кои се тотално ладнокрвни суштества кога се работи за емоции.( чест на искучоците кои покажуваат чувства).

Мажите се тие кои емоциите ги чуваат во нив, ретко искажуваат тага, болка, среќа, но тоа секако не ги прави помалку чувствителни.

Жените се позаинтересирани за модата, козметиката, а мажите и не се толку оптеретени со овие работи.

Што очекуваат мажите, а што жените од животот?

Мажите сакаат да останат исти во текот на целиот живот. Но тоа не е така и кај жените. Нив потребна им е постојана промена. Тоа често може да се види по нивните фризури, облека, накит, нокти, кожа итн.

Предизвик за жената е маж кој има големо искуство со други жени, но тоа не е исто и со мажите. Кога мажот е во поодминати години, често паѓа во депресија, а спротивно од него, жената го живее најсреќниот дел од животот, со внуци, куќа итн.

Покрај сите разлики, мажот и жената се компактибилни и создадени да го делат овој свет заедно со сите обврски кои им се наметнуваат.

Заедно треба да соработуваат, светот е создаден на тој начин, да и мажот и жената бараат среќа, комфор итн. Тие се жртви еден на друг.

Напиши коментар