Американската глумица Сандра Булок, заработила 70 милиони долари за улогата во филмот „Гравитација“, пишува денес списанието „Холивуд Репортер“.
Сандра Булок веќе заработила најмалку 70 милиони долари за оваа улога во филм, бидејќи потпишала посебен договор со филмската продукциска куќа „Ворнер Броз“, пишуваат во списанието. Според изворот, глумицата во аванс добила 20 милиони долари, а остатокот од заработката е од прикажувањето на филмот. Филмот „Гравитација“ заработил 700 милиони долари, а според проценките може да заработи и до 750 милиони долари.
Овој филм е номиниран и фаворит за најпрестижната награда од филмските признанија – Оскар.
Свечената церемонија на Оскарите ќе биде во недела вечер на 2 Март во Долби во „Градот на Ангелите“.
