After Midnight

Се за популарната 69!

Грижата за хигиената е основна работа пред секој орален, или било каков друг секс. Најинтимните делови се буквално пред вашиот нос, затоа внимавајте кога се впуштате во ваква предигра.

Заедничкото туширање може да биде предизвик за ваков тип на предигра пред добар и страсен секс.

Партнерката секогаш нека биде одгоре. Кога веќе треба некој да е долу некој горе, тогаш најдобро е жената да биде горе а мажот долу под неа. Причината е едноставна, жената е секогаш полесна (некогаш и тука има исклучоци но сепак…) со што ќе избегнете несакани ситуации.

Освен тоа, на тој начин ќе можете да го контролирате аголот, брзината и начинот на сексот. При сексот мажот може премногу да се возбуди и да стане груб со своите движења (доколку е горе).

Во моментите на уживање големи се шансите да заборавите на вашата партнерка, односно заборавете дека и вие имате работа па целосно се препуштате на задоволството. 69 позата е заедничка работа кое нуди истовремено задоволство, па не е фер доколку вие уживате а партнерката се труди да ве задоволи.

Доколку често правите паузи во вашата “работа”, подобро е орално да се задоволуватe наизменично, а не истовремено.

Внимавајте на забранетите работи. Се разбира дека тоа е прашање на договор, меѓутоа позата 69 претставува задоволување на сите ерогени зони освен задникот. Секако на ова правило има и исклучоци но доколку немате разговарано на оваа тема, подобро е да ја избегнете. Во случај да сте договорени да уживате без граници, тогаш приуштете си го и тоа задоволството во оваа поза.

Напиши коментар