Внимавајте бојата на чорапите да биде иста со бојата на пантолоните, а не чевлите. Доколку не се фармерки, потрудете се чорапите да бидат во боја на пантолоните.
Значи, за сиви пантолони, одберете сиви чорапи, на светло кафеави пантолони – светло кафеави чорапи, иако бојата на чевлите може да биде текно кафеава.
Ако веќе немате иста нијанса на чорапи и пантолони, може бојата на чорапите за нијанса да биде потемна од бојата на пантолоните.
Елегантно одело – елегантни чорапи
– Со елегантното одело никако немојте да комбинирате спортски чорапи. Во предвид доаѓаат само тенки, елегантни чорапи од фин материјал.
Кога веќе сте облекле одело, заборавете и на чорапите со било какви шари и апликации.
Бели чорапи – само со тренерки
Белите чорапи се носат исклучиво со тренерки и патики – доколку се занимавате со спортски активности, ако одите да џогирате или во прошетка. Белите, спортски чорапи не се добар избор ниту со фармерки, ниту со било кои други обични пантолони, па обидете се за таа комбинација да најдете некои други чорапи, кои можат да бидат спортски, но не и бели.
При купување би требало да обрнете внимание и на должината на чорапите. Потрудете се да не бидат премногу долги, ниту премногу кратки. Не е убаво доколку се види маж од чијашто ногавица излегува гола нога.
Кога купувате чорапи, обрнете внимание да бидат од природен материјал, најдобар памук, кој добро ја впива потта и најмалку шири непријатни мириси. Не штедете пари за квалитетни чорапи. Срамот кој може да го добиете од смрдените нозе, нема цена!
Чорапите немојте да ги виткате, ќе изгледаат неуредно.
Не треба ни да се споменува да не носите скинати чорапи, со изваден прст или пета. Никогаш не се знае кога, каде ниту зошто ќе мора да ги соблечете чевлите
