After Midnight

Секс со колега? НЕ!

Доколку ви е важна кариерата, најверојатно би требало да ги избегнувате ваквите ситуации, бидејќи работите може прилично да се искомплицираат. Сепак, доколку не се согласувате со нас, имајте ги овие работи во предвид:

Не им кажувајте на колегите

Секој сака тајна, но не секој знае да ја чува. Во вакви ситуации, колку помалку луѓе знаат за вашата канцелариска авантура, толку подобро. Последното што би го сакале е да станете мета на озборувања. Па, доколку веќе ви се случила романса со колега, направете заеднички план со цел да го избегнете непријатниот разговор со шефот.

Факторот на љубомора

Вашиот партнер вработува згодна млада девојка, а вие постојано мислите на сексуалната тензија помеѓу нив, доцните попладневни состаноци и презентации на кои не присуствувате. Ова не само што ќе предизвикува тензија помеѓу вас, туку ќе влијае и на вашите перформанси на работното место

Не влегувајте во врска со ваш претпоставен

Излегување со шефот не е добра идеја од повеќе причини. Никогаш не би сакале на друга личност да и дадете контрола над вас. Ова може да го загрози вашиот напредок во компанијата и кариерата, затоа што мешате работа со задоволство. Дури и вашата врска да е јавна и другите да знаат за неа, колегите секогаш ќе сметаат дека напредувате бидејќи имате специјален третман.

Напиши коментар