Во ситуација во која имаш секс со две девојки, секој од вас има свои правила и ограничувања. Важно е да знаеш каде се нивните граници и да ги почитуваш бидејќи може да се случи акцијата да биде прекината доколку преминеш една граница. За да не дојде до тоа, прашај ги твоите “спаринг партнерки” што сакаат а што не.
Доколку една од учесничките е случајно твоја партнерка/жена (не е препорачливо), имај во предвид дека ова искуство може многу да влијае на вашата врска. Затоа мораш да знаеш кои работи ќе бидат во ред за неа, а кои не.
Иако можеби очекуваш вниманието од двете жени да биде 100% насочено кон тебе, вистина е дека може да се случи повремено да те занемарат и да се посветат на меѓусебни игри. Нема потреба поради тоа да се чувствуваш навредено или нешто слично, туку потруди се да се вклучиш во играта кога и да можеш.
А место секогаш ќе има. Потребно е, и е особено важно, твоите чувства да ги оставиш на страна и да работиш со твоето тело и либидо. Доколку се однесуваш како љубоморно девојче, ќе завршиш во некој ќош. Доколку се однесуваш како напалена секс машина, ќе учествуваш во сите игри.
Во сексот “еден на еден”, секоја акција предизвикува реакција и е возвратена, додека во тројката повеќе е во облик на круг и акцијата се поместува од личност на личност. Затоа биди трпелив. Фокусирај се да ги запалиш двете и вниманието ќе ти биде возвратено.
Иако е природно да бидеш посветен на онаа девојка во којашто пенетрираш, сепак не мораш да бидеш посветен на неа 100%. Токму тука лежи магијата во тројката. Додека водиш љубов со едната, можеш да ја бакнуваш и допираш другата, а доколку таа сака, може да и’ обезбедиш и орален секс. Да, тоа бара повеќе внимание и вештина, но сам се впушти во ова.
Ова носи уште една замка – може да се случи премногу да се возбудиш и да ејакулираш порано, затоа не се вовлекувај многу брзо во “двојно задоволство”. Биди одмерен. Сепак немој премногу трагично да го сфатиш ако ејакулираш прв. Сеедно, иако си готов, се’ уште има милион начини да им дадеш добар оргазам.
