After Midnight

Секси несовршености кои мажите ги обожаваат

Многу жени, без оглед на возраста не можат да го прифатат сопствениот изглед и секогаш се во состојба да набројат неколку нешта кои би сакале да ги променат кај себе, целосно несвесни дека токму тие мали несовршености се дел од нивниот шарм и привлечност.

Заоблено стомаче

Мажите сакаат жени со облини. Иако можеби масните наслаги на вашето тело не се совршено распоредени, нема причина да се срамите или да ги сокривате. Со тоа не сметаме дека треба да го нагласите стомакот со облека, туку дека во интимните моменти не треба да го сокривате овој мал вишок. Имајте повеќе самодоверба пред вашиот партнер!

Простор меѓу забите

Поради големото растојание меѓу предните заби, многу девојки без причина ја сокриваат својата насмевка. Денес дури и супермоделите и глумиците гордо го покажуваат овој мал “недостаток”, а многу момци овој простор помеѓу забите го сметаат за неодолив и заводлив.

Мали гради

Нема потреба од импланти и уметоци во градниците. Маите сакаат убави женски гради, а големината при тоа не е пресудна. Со правилен избор на облека, покажете ја убавината на природниот граден кош, а за супер секси изглед, едноставно не носете градник.

Крив нос

Заборавете на операции на нос! Токму специфичен нос може да биде главен адут на вашиот шарм. Поради него, многу мажи ќе паднат на колена пред вас, маѓепсани од вашата самодоверба и силна личност. Со правилна шминка можете дополнително да ја истакнете убавината на вашите очи или усн, и на тој начин да направите “смртоносна” комбинација.

Наочари

Додека голем број на девојки и жени сметаат дека поради наочарите изгледаат постари или помалку привлечно, за многу мажи жените со наочари се многу секси. За нив сметаат дека се посамоуверени и поинтелигентни.

Широки колкови

Широките колккови ја нагласуваат вашата женственост и привлекуваат мажи кои сакаат жени со облини. Бидете горди на вашата позадина. Многу истражувања покажаа дека мажите ги привлекуваат жени со широки колкови, бидејќи тоа е знак за плодност кај жените.

Write A Comment