After Midnight

Сексот низ годините

Сексологот и предавачот Керол Квин за Essence magazine истакнува дека дваесеттите се години во кои треба да се биде информиран за сексот бидејќи токму тогаш преовладува срам и срамежливост. Во овие битки со времето треба да знаете што сакате и што не сакате во сексот.

Експериментирањето е препорачливо, но под два услови – да практикувате сигурен секс и паметно да избирате со кого. Квин нагласува дека чувството дека не сте добри во креветот или незнаењето што сакате едноставно треба да го припишете на годините – млади сте, имате време да дојдете до заклучок.

Веројатно сте слушнале дека мажите се сексуално најспремни во тинејџерските години, а жените во триесеттите. Докторката Квин смета дека постојат некои фактори поради кои жените физички “цветаат” во триесеттите.

Но Квин смета дека оваа граница повеќе зависи од тоа колку жената е опуштена во врска со сексуалните прашања и во која животна доба го изградила својот идентитет и кога созреала во личност која има самодоверба и знае што сака.

Во четриесетите поголемиот дел на жените влегуваат во предменопауза. Квин напоменува дека некои истражувања покажуваат дека низ слична состојба поминуваат и мажите. Хормоните имаат голема улога во сексуалноста, а понекогаш жените го отежнуваат стареењето во сексуална смисла.

Во оваа доба голем број луѓе исто така напорно работат за да осигураат добар живот за своите деца и семејство. Поради тоа стресот и зафатеноста се чести виновници за недостаток на интимни моменти.

Тајната на добриот сексуален живот во 40-те е во редовната физичка активност.

Според голем број жени сексуалниот живот во педесетите години е при крај, но не е така. Се работи за нов почеток за оние кои имаат отворен ум за нови работи.

Луѓето во оваа доба чиишто деца веќе се исселени, а жените не мораат да се грижат дека може да останат трудни, често пронаоѓаат ново уживање во сексот” – тврди Квин. Исто така, некои жени полесно поминуваат низ промените во животот доколку имаат хормонска терапија која им одговара, а некои започнуваат поздраво да живеат и го проаѓаат тој пат без лекови.

Клучот е во комуникацијата, бидејќи процесот на стареење кај некои парови има големо влијание врз сексуалниот живот.

Напиши коментар