Многу стручњаци во областа на медицината ја набљудуваат функцијата на машкиот полов орган како одраз на здравјето на мажот, посебно на неговото кардио-васкуларно здравје. Но научниците имаат една дилема: дали сексот го подобрува здравјето на мажите, или веќе здравите мажи ги собрале сите благодети кои сексот ги остава на здравјето?
Освен срцевото здравје и ослободувањето од стрес, сексот може позитивно да влијае и на отстранување на болка, на изгледот, на квалитетот на сонот, на депресијата, па дури и на рак на простатата. Она што сигурно се знае е дека најпозитивно влијае на емотивната врска, но и на плодноста и долгиот живот.
Сексот воглавно се поврзува со ослободувањето од стрес и претставува позитивен фактор во превенција на кардио-васкуларни болести.
Но, сексот е исто така позитивен фактор и за многу други здравствени состојби. Пред да се фрлите во акција, заради подобрување на здравјето, морате да знаете едно:
“Кога се прашувате дали сексуалната активност ја подобрува здравствената состојба, морате да знаете дека здравите луѓе почесто практикуваат секс.” – смета урологот Др. Мохит Кера.