After Midnight

Што боли повеќе, сексуалното или емоционалното неверство?

Кога влегуваме во нова врска, сите ние се надеваме дека конечно сме ја пронашле личноста која ќе ни биде верна до крајот на животот. Меѓутоа, доколку сте приморени да изберете, дали би избрале партнерот или партнерката да имаат “неважна” секс-афера на страна или да се заљубат во некој друг, а тоа никогаш да не се реализира на физички план. Што би ве болело помалку?

Верувале или не, кога станува збор за љубомора поради потенцијално неверство, во голем број од случаите мажите и жените ќе дадат потполно поинакви одговори на ова прашање.

Новото истражување открива дека жените многу потешко би поднеле нивниот партнер да се заљуби во друга, отколку да има секс со некоја дама која го привлекува физички. Дури две третини од испитаниците изјавиле дека емоционалното неверство делува многу пострашно од необавезната авантура и би биле многу пољубоморни да знаат дека нивниот партнер романтично воздивнува за друга жена, отколку со неа да испробува нови секс-пози.

Спротивно на тоа, мажите сметаат дека сценариото во кое нивната партнерка е во кревет со некој друг е далеку пострашно од тоа некој само да и се допаѓа. Едноставно, за припадниците на посилниот пол физичкиот аспект на прељуба предизвикува силно чувство на измама и емотивно неверство.

Поентата е во тоа што мажите никогаш не можат да бидат сигурни во тоа дали жената носи нивно дете, така што е сосема природно повеќе да ги плаши сексуалното неверство. Од друга страна, на жените им е важно да знаат дека до себе имаат партнер кој ќе се грижи за семејството, па затоа многу потешко им паѓа помислата дека тој може да биде со некоја друга – објаснува авторот на истражувањето, доктор Гари Брас од Униврзитеот во Канзас.

 

Напиши коментар