After Midnight

Што е романтично според денешните мажи?

Според најновите истражувања, фрлање ѓубре, местење кревет и спуштање на даската во тоалетот –е она што денешните мажи сметаат дека е романтично! Се разбира, романтична вечера со свеќи сеуште разгорува страсти, но се чини дека помошта во домашните обврски ги соборува сите рекорди на романтичност.

Мажите сметаат дека романтично е да се пегла и да се пере долен веш, како и да се чисти со правосмукалка. Секако, сите мажи се спремни сето тоа да го прават самоиницијаивно и без прашање. Но, најновите истражувања откриваат дека седум од десет мажи се обидуваат да поттикнат романтика само кога се на годишен одмор.

Се чини дека современите мажи сметаат дека за романтика е доволно редовно помагање во домашните обврски и паметење на роденденот на партерката. Тие нешта се важни, но и двете страни во врската навистина би требало повеќе да се трудат да ја одржат романтиката жива, препорачуваат истражувачите.

Во необичната студија учествувале 1,000 мажи, а утешно е тоа што многу од нив сеуште веруваат дека е важно да и изјавуваат љубов на партнерката, да и отвараат врата и да и го придржуваат капутот. Значи, романтиката сепак не е сосема исчезната.

Write A Comment