Free zone

Што кажуваат нејзините движења!

Мажот често е збунет од однесувањето на жената, но е потребно само малку разбирање за да го доловите начинот на кој жените го прикажуваат нивното внимание.

Ви претставуваме неколку сигнали кои ги испраќаат жените доколку се заинтересирани за вас:

Ве гледа, остварувањето на контакт со поглед е многу важно, особено при запознавање, а од голема мера зависи од вашата самодоверба. Искусните жени ќе ве гледаат под око, а ако тоа го заприметите, слободно впуштете се во акција.

Раце, ако таа е нервозна, обично несвесно го врти праменот од косата. Иако може да делува несиугрно, нејзината цел е да го привлече вашето внимание. Таа никогаш нема да ве гледа директно, но од време на време, ќе можете да го фатите нејзиниот поглед.

Ви се приближува, некои либерални дами без срам ќе ви се фрлат во прегратка. Оние посрамежливите ќе се трудат да ви се приближат што поблиску. Вие во овој случај не треба да приоѓате. Бидете трпеливи и одржувајте одредено растојание, бидејќи со неизвесноста расте и нејзиниот интерес за вас.

Танцува само за вас, ако е самоуверена и згодна жена ќе процени дека ја гледате и пред сами да бидете свесни. Таа ќе танцува само за да ви падне во око и ќе се труди да ве заведе со невини погледи и движења. Ако на момент го свртите погледот од неа, за неа нема да претставува проблем сама да ви се приближи.

Научете го говорот на телото, ако не обрнувате внимание, веројатно ќе пропуштите многу сигнали кои би можеле да ви бидат од корист. Не морате да бидете гениј за да го разберете женското однесување, само важно е да набљудувате и добро да ги отворите очите.

Write A Comment