← НАЗАД НА БОЗА

Што казината во Лас Вегас нема да ви кажат околу коцкањето

Што казината во Лас Вегас нема да ви кажат околу коцкањето
440 Читања

Со мотото “Што се случува во Вегас, останува во Вегас”, не е за изненадување фактот дека тој град крие многу тајни, посебно кога добивате во некое од казината. Еве неколку работи што можеби не сте ги знаеле и кои никој во казиното нема да ви ги каже.

Пиење поголемо количество алкохол е сигуирен пат да изгубите се – Многу луѓе потегнале по бесплатниот алкохол кој се служи во повеќето казина во Вегас. Но по неколку пијалоци секако дека не ви паѓа на памет дека имате можност и сите пари кои ги имате во вас, даљ ги прокоцкате за една вечер.

Секоја игра е на работ, освен една – Рулетот како еден од најраспостранетите на целиот свет е дефинитивно е со најлоши очекувања кај коцкарите.  Можноста да погодите некоја бројка изнесува само 5 проценти од можните 100. А како игра со најмногу шанси се смета дека е покерот во живо. Таму нема машини, нема местенки бидејки се на се играат луѓе.

Морате да играте на максимален влог да добиете голема добивка – Ако играте на слот машини, нема поента ако играте на најмалиот влог. Максимален влог = максимална добивка. На пример ако е слот машината од 25 центи, максималниот износ би бил околу од 75 центи па нагоре.

Казината се изградени за да ве ве дезориентира – Ќе ви биде предизвик да го најдете излезот еднаш кога ќе влезете во казино. Спратот на казиното е вистински лавиринт од својот дизајн. Вие ќе се изгубите, затоа што така и треба, потоа седнувате на некоја маса блекџек или слот машина и толку. Сте изгубиле пари. Поради истата таа причина нема да најдете ниту еден часовник во казината. Тие не сакаат да кажат доцна е, време е за одење. Колку повеќе седите, толку се поголеми шансите да изгубите се.

Добијте, и веднаш одете си –  Најдобрата работа во казино ако имате среќа е да бидете во добивка поголема отколку вложената сума. Во целата вечер максимално да добиете е еднаш или два пати. Потоа се што сте освоиле, може веднаш да го изгубите. Затоа, ако сте во предност, спакувајте се и одете си.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk