After Midnight

Што кога бракот е без секс?

Многу пати,причина за развод е токму неисполнителниот сексуален живот, покрај другите проблеми. Но, најчесто незадоволството во спалната соба е симптом, како други подрачја во бракот не функционираат. Експертите советуваат пред да се потпишат документите за развод, поради сексуални проблеми, да се обидат да најдат решение за своите проблеми. Но, исто така треба да се знае дека сексот е единствениот начин на остварување на интимноста.

Во многу случаи, сексот не исчезнува преку ноќ. Постојат многу различни причини поради кои сексот може да го снема од бракот, како:
– динамичен живот, исполнет со многу обврски,
– намалена желба за секс поради здравствени проблеми,
– мали деца и немање на приватност,
– депресија,
– загуба на самодоверба поради физичкиот изглед,
– немање на взаемна доверба и разбирање,
– неверство,
– отсуство на физичка привлечност кон партнерот,
– финансиски или други проблеми во бракот.

 

Напиши коментар