Free zone

Што кога жените ги боли глава

Сиггурно ја знаете оваа фраза и можеби ако си признаете на себе – ви се има случено. “Ме боли главата” е филмски изговор кога таа не е расположена за секс, но научниците открија дека не се работи само за желбата да се избегне водењето на љубов. Жените кои имаат постојана главоболка или мигрена имаат поголема шанса да се соочат со проблеми во сексуалниот живот.

Истражувањето спроведено во универзитет во Павија, Италија, покажало дека дури 90% од жените кои бараат лекарска помош поради честите главоболки пријавуваат проблеми во сексуалниот живот, како што се недостаток на желба, сексуална фрустрација или тешкотии при постигнување на оргазам.

Главоболките го зголемуваат чувството на тегоби, а пациентите со мигрена пријавиле дека поради тоа, понекогаш сексуалниот однос им е болен. Ова истражување опфатило 100 жени со просечна старост од 40 години, кои долги години пателе од главоболка.

Напиши коментар