Некои машки тајни може да бидат слатки, но постојат и такви кој што ќе ве шокираат. Разоткриете го вашиот партнер и дознаете кои се тајните што представуваат опасност за вашата врска.
Без оглед на тоа колку го познавате, постојат работи кои тој никогаш нема да ги подели со вас. Неоки од нив се невини, а некои можеби и не се. Но, какви и да се потрудете се да проникнете во нив бидејќи можеби токму од нив зависи иднината на вашата врска.
Комуницира преку интернет барем со една бивша девојка
Новите технологии ни овозможуваат полесно од било кога да комуницираме со старите симпатии. На вашиот партнер тоа најверојатно многу му значи, и му представува еден вид на осигурувачка полиса дека нема да остане сам доколку вашата врска прекине.
Што треба да правите: Доколку се почесто седи пред компјутерот, настојува да ги сокрие своите белешки, а вие воочувате дека неговите нови facebook пријателки се повеќе од платонски, реагирајте што побргу. Преиспитајте ја неговата верност со отворен разговор.
Го загрижува мислата дека нема да може да биде верен до крајот на животот
Аферите станаа составен дел од животот на современите парови. За да работите станат уште полоши, нашата култура пропагира на тоа дека сексот станува лош во оној момент кога ќе стапиме во брак. Мажите во тоа веруваат повеќе од жените и тоа им е веќе доволно оправдување за авантура во која повторно ќе пронајдат ново возбудување.
Што треба да направите: Вашата цел треба да биде да биде да го убедите партнерот дека вие ќе бидете во онаа група од ретки парови чиј секс со време е се подобар. Зачинете ги работите со тоа што од време на време ќе предлагате нови пози или занимливи места за водење љубов.
Најверојатно мастурбира повеќе одколку што мислите
По некои статистики дваесет проценти од мажите признале дека “ги земаат работите во свои раце” барм еднаш дневно, а повеќе од триесет проценти се самозадоволуваат три пати неделно, и тоа најчесто кога се сами или кога се тушираат.
Што треба да направите: Самото мастурбирање е нормално однесување, но доколку го избегнува сексот или има потешкотии да се возбуди, тогаш треба нешто да превземете. Пробајте повторно да ги фокусирате неговите раце на вашето тело. Раскажете му некоја своја сексуална фантазија и тестирајте да ли тоа ќе го привлече неговото внимание. Направете му масажа или помогнете му да се истушира.
