Free zone

Што очекуваат жените од вас!

Искреност, Не онаа, кажете што сака да чуе, туку баш искреност. Едноставно зборувајте ја вистината, колку и да не сакате да ја повредите со неа, сепак кажете ја.

Самодоверба, На секоја жена ѝ треба заштита. Токму жените бараат маж што може да застане позади нив, што ги поддржува и ги заштитува и психички и физички. Таа самодоверба на мажот е една од пресудните карактеристики кои жените ја бараат.

Зрелост, Зрелоста е карактеристика која ја очекува секоја жена од 15 до 50 години. Значи факт е дека жените се позрели од нас, но сепак очекуваат понекоаш и ние да преземиме одговорност. Зрелоста покажете ја со разговор, со позитивни ставови за иднината и со цврст карактер.

Верност, Една од најважните особини кај идеалниот маж. Имено, мажите изневеруваат кога не се задоволни од сексот. Затоа пред да посакаат жените идеален маж нека се запрашаат дали поседуваат квалитетна сескуална привлечност.

Почитување, Мажите кои знаат да почитуваат се едни од најпосакуваниете. Ценење на личноста е човечка особина. За да биде ова пресудна карактеристика, мажот треба да е добро воспитан, не случајно е и онаа: Мажот што ја третира својата жена како принцеза, очигледно е воспитуван од кралица.

Еднаквост, За да бидете еден од кандидатите за идеален маж треба да знаете да бидете еднакви со партнерката. Жените ценат кога се соживувате со нивние проблеми, обврски. ценат кога ги прашувате за мислење, кога учествувате во разговори.

 

Напиши коментар