After Midnight

Што откриваат неговите први секс потези

Првиот секс може да ви открие многу. Неговите први секс потези , дури и додека не знае многу нешта за вас, можат да ви откријат по нешто за него. Затоа, бидете претпазливи и следете ги знаците…а ние ви откриваме што тие значат…

Доколку во текот на предиграта сака да знае, дали ви се допаѓа она што го прави,  нему му е важно да ве задоволи. Доколку веднаш, уште на почетокот му се важни вашите желби и потреби, тој ќе станува само подобар и подобар љубовник. Затоа дајте му јасни знаци, бидејки тој ќе знае да ги искористи за да ви угоди.

Доколку неговите бакнежи и покрети се премногу нежни, јасно е дека е нервозен и несигурен. Не сака да ви пристапи на погрешен начин, па затоа избира посигурен, т.е. нежен начин. Немојте да мислите дека станува збор за незаинтересираност, бидејки тој само не сака да погреши. Доколку сакате страст, јасно кажете му и дајте му до знаење дека сакате нешто погруба игра.

Доколку побара од вас сосема неочекувани нешта, можно е да се чувствува доволно опуштено и слободно во вашето друштво. Но од друга страна , доколку сметате дека е премногу рано за од вас да бара нешто такво, можно е тоа да му биде многу важно и можеби ќе посака тоа да се повторува во иднина.

Доколку, ве гледа во очи додека водите љубов, јасно е дека многу му се допаѓате. Рамномерното гледање во очи за време на сексот, е сигурен знак дека му значи интимноста. Доколку само и на неколку секунди ве погледнува во очи , тоа значи дека тој сака повеќе од чиста физичка врска.

Write A Comment