Free zone

Што пие алфа мажот!

Алфа мажот е личност со силен карактер, кој изгледа одмерено и се однесува во склад со ситуацијата во која пие.

Наместо џус-водка, пиво или лимонда, изборот на aлфа мажот би бил коњак, виски или рум. Тој е aлфа предпладне, попладне и навечер. Ситуацијата во која се наоѓа скоро никогаш нема да влијае на изборот на пијалок на aлфа мажот.

Може да добиеме впечаток дека aлфа мажот пие само скапи пијалоци, но тоа не е правило. На работа пие силно еспресо кафе наместо капучино со шлаг и мрвици, после вечерата пие вино наместо пиво.

Во коктел бар најверојатно никогаш нема да пие безалкохолен коктел, додека на излет во природа пие пиво, а не негазиран пијалок.

Не е доволно само да го изберете вистинскиот пијалок и да бидете aлфа маж. Нема да станете aлфа поради тоа што пиете одреден пијалок, но сигурно ќе изгледате повеќе заводнички ако ја држите чашата во рацете а во неа има обоен алкохол, а не лименка пиво. Ќе изгледате позрело, што е една од одликите на aлфа маж.

Не мора да значи дека поради тоа сте aлфа. Вистинскиот aлфа маж не е само заводник со изразени машки црти на лицето, тој додека пие има одмерени движења на рацете и телото додека ја држи чашата, има посебна мимика на лицето додека наздравува, насмевка и поглед.

Напиши коментар