After Midnight

Што сакаат жените кога се будат наутро

Не секое утро треба да започне бурно и да имате онолку време колку што ви е потребно за да се облечете и да излезете. Постојат одредени работи кои секоја жена би сакала да ги добие наутро од својот маж, но внимавајте! Одберете само една од овие 6 работи, бидејќи во спротивно утрото би можело да се продолжи..

Орален секс

На многу жени им се допаѓа мажот да ги разбуди со орален секс. Ако вака ви почне утрото, цел ден ќе се чувствувате одлично. Сепак, не заборавајте да му кажете дека немате време да возвратите, но дека ќе надокнадите кога ќе се вратите од работа.

Секс

Ако имате малку повеќе време наутро, сексот е најдоброто будење кое може да го добиете. Но, ако наутро сте сонливи и не можете да отворите очи без кафе, кажете му го тоа на партнерот.

Купка

На жените наутро им годи туширање, а најмногу топла купка со свеќи. Иако ова вообичаено е резервирано за доцните вечерни часови, споменете му на партнерот дека некогаш би сакале да ве разбуди со када полна со пена и напоменете му дека би можел да ви се придружи.

Појадок

Жените обожаваат кога мажите готват за нив, а мал знак на внимание како што е подготвен појадок наутро, е нешто на што жените дефинитивно “паѓаат”.

Кафе во кревет

Ако не можете да отворите очи без кафе, кажете му на партнерот дека би сакале тој да стане малку пред вас и да ви свари кафе. СКофеинот исто така го зголемува либидото, па тоа може да му биде и дополнителна мотивација да се потруди.

Бакнеж за збогување

Не заборавајте да се збогувате од вашиот партнер пред одење на работа, но тој бакнеж нека биде долг и сочен за и двајцата со нетрпение да чекате да се вратите дома.

Write A Comment