After Midnight

Што вели позата во кревет за вашата врска?

Додека спиете, не можете да зборувате со јазикот на телото. Тоа е времето во кое сте целосно искрени, ранливи, а позата може да открие многу за вашите односи – така вели Корин Суит, психолог, специјалист за односите помеѓу мажот и жената.

Најверојатно пмеѓу прикажаните фотографии ќе ја препознаете позицијата во која обично се наоѓате со партнерот во кревет. Погледнете како се толкува таа според психолозите

Лажичка

Двајцата се наоѓате блиску еден до друг. Најголемиот број на двојки кои се долго време заедно се прегрнуваат во оваа поза. Тоа значи дека си недостасувате еден на друг.

Прегратка од типот “Меден месец”

Оваа поза значи едно – дека премногу сте зависни еден од друг и целосно сте ја изгубиле индивидуалноста.

Прегратка од типот “Дај едно рамо”

Спиењето во оваа поза значи дека еден од вас двајца сака да го насочи целото внимание кон другиот. Сака и да ги контролира сите аспекти од неговиот живот. Ова е оној човек чија глава лежи на рамото од партнерот

Љубовна лулка

Оној кој е земен под “закрила” на другиот и спокојно заспал врз неговите гради, има потреба од тоа некој да се грижи за него во животот. Другиот партнер пак, може да ја понуди потребната грижа и заштите

Лабаво

Сонот во таква поза значи дека партнерите веќе имаат стекнато доверба еден во друг, за да и дадат на својата половина повеќе слобода. Од друга страна пак, тие имаат потреба еден од друг, за да се чувствуваат среќни и исполнети.

10

Напиши коментар