After Midnight

Single? Неколку знаци дека е тоа вистинскиот избор за тебе!

Да бидеш сингл во денешно време има свои предности и мани. Веројатно ти е тешко кога пријателките нема да те поканат на “вечер за парови” или пак нема со кого да излезеш, бидејќи сите одлучиле да останат дома за викенд, но да бидеш сингл е сосем во ред. Дури понекогаш тоа е вистинскиот избор за тебе во одреден момент. Ова се знаците поради кои е добро да немаш момче токму сега.

Си излегла од долга врска

По прекинувањето на врската потребен  ни е период на опоравување и прилагодување на новонастанатата ситуација. Некои жени ќе побрзаат да влезат во нова врска, но тоа не е добра план. Доколку неодамна си ја прекинала врската со твоето момче, дај си малку време да ги решиш сите проблеми кои настанале поради тоа. Ова е идеално време да бидеш соло.

Се наоѓаш во тежок емоционален период

Доколку не можеш да се грижиш емоционално ниту за себе, замисли како би изгледало да имаш момче. Во право се луѓето кога велат дека најпрво треба да знаеш да бидеш сам, за да можеш да бидеш со некој, а доколку се бориш сама со себе, дефинитивно не е време за нова врска.

Немаш среќа со момчињата

Колку и да се трудиш, едноставно не наоѓаш заеднички јазик со никого? Нема врска! Не е секој за секого, а доколку имаш чувство дека никој не ти се допаѓа, веројатно едноставно не си спремна некој да ти се допаѓа. Наместо со сила да се уверуваш самата себе дека мора да бидеш со некој нов, почекај малку додека не дојде некој со кој навистина ќе сакаш да бидеш.

Write A Comment