Утре на 21. март 2014 македонскиот хардкор бенд Смат ќе прослави 18 години од своето постоење. Ова концертно ќе го обележат во клубот „Хавана“ во Скопје. На овој роденденски концерт бендот, заедно со својата публика и музички пријатели ќе го одбележи своето досегашно постоење и ќе го најави она што во иднина нè очекува од легендарниот состав на домашната хардкор сцена.
„По повод 18 години од формирањето на овој бенд на 21.03.2014 во клубот Хавана решивме да направиме концерт, да го преснимиме нашиот прв албум, да снимиме видео запис на самото снимање на албумот, да викнеме добри бендови кои се наши пријатели и ни се допаѓа нивната музика. Како да беше вчера кога овој бенд почна да функционира и не постои начин да ви ја искажеме благодарноста. Не постојат зборови со кои би можеле да го опишеме тоа што го чувствуваме за вашата поддршка сите овие години.
