Застапниците на ДНК тестирање пред запознавање, велат дека луѓето ги привлекуваат оние чии гени на имунолошкиот систем се поинакви од нивните.
Биолозите укажуваат дека гените на имунолошкиот систем, кои се одговорни за препознавање на туѓите клетки, како што се вирусите, исто така го одредуваат мирисот на телото. И тој мирис ги привлекува оние со поинакви гени на имунолошкиот систем.
Тоа е докажано биолошко истражување во Швајцарија, кое покажало дека жените кои не користат хормонска контрацепција предност му даваат на мирисот на мажаот со имун систем различен од нивниот.
