After Midnight

Со кого најотворено разговарате за сексот?

Вашиот партнер е веројатно личноста со која би требало да делите се. Меѓутоа, кога станува збор за сексот, жените почесто им се обраќаат на пријателките, покажало едно истражување.

Истражувањето открива дека додека третина од жените (34%) може за тоа да разговара со пријателките, само 16 проценти за водењето љубов дискутираат со партнерот.

Не е чудно што мажите се на врвот на листата на теми кои се наметнуваат во друштво на жени, 64 проценти од нив признаваат дека разговараат за своите партнери. Околу половина од нив сакаат да ги оговараат другите, особено во поглед на нивните врски.

Студијата, спроведена од страна на британската фирма Meca Bingo, исто така покажала дека венчавките повеќе не се популарна тема за разговор, па со неа се занимаваат само 12 проценти од жените.

Покрај тоа, испитано е како жените се подготвуваат за средба со потенцијалниот партнер.

Излегува дека на дамите им се потребни дури 50 минути за да се нашминкаат.

Повеќе се трудат кога излегуваат во град со пријателчките, па една третина од нив купуваат нова облека за таа прилика.

Напиши коментар