After Midnight

Со масажа до посилна и стабилна врска!

Следниве совети ќе ви помогнат да ги совладате основните техники на масажата, а во исто време ќе научите како да го релаксирате вашиот партнер и да му подарите неверојатно уживање. Колку попријатна и поопуштена атмосфера, толку подобра масажа и поголема релаксација. За да му доставите незаборавно искуство, постојат неколку работи на кои треба да внимавате:

  • Не започнувајте без масло за масажа. Користењето на масло го намалува триењето и ја олеснува масажата, а во исто време има релаксирачки ефект.
  • Вашиот партнер треба да е соблечен и да му бидат покриени со крпа или чаршаф само оние делови кои нема да бидат масирани. Многу е важно до вас да имате чаршаф или крпа со кои ќе ги покривате измасираните делови за тие да ја зачуваат топлината.
  • Површината на која ќе лежи вашиот партнер не треба да биде премногу мека.Добро место за масажа е подот. Постелете ќебе и врз него долг чаршаф или крпа за да не го извалкате ќебето со масло. Не заборавајте да поставите перници под неговата глава и глуждовите (кога тој лежи на стомак). Ако лежи на грб, поставете ги перниците под неговата глава и под колената.
  • Вашиот партнер треба да биде релаксиран. За таа цел, собата треба да биде чиста и затоплена, а препорачливо е да пуштите релаксирачка музика и/или да запалите миризливи свеќи. Исклучете ги и вашите телефони за да не ве вознемируваат.
  • Масажата не треба да се прави веднаш по јадење.

Препорачливо е масажата да се започне од грбот. Започнете со левата страна и размачкајте го маслото нагоре, до рамото. Едната рака треба да ја следи другата. Преминете кон рацете и не ги заборавајте дланките. Откако ќе го нанесете маслото на левата страна, истото направете го и на десната. Започнете масажа со двете раце, на двете страни на грбот. Нежно масирајте нагоре и надолу за да ја намалите напрегнатоста во мускулите. Не притискајте премногу силно, туку користете само мал притисок кој ќе биде доволен за релаксирање на мускулите. Најголем дел од луѓето чувствуваат напрегнатост во рамената, па посветете им поголемо внимание на овие делови. На почетокот користете ги целите ваши дланки, а не само прстите.

Откако ќе завршите со масажата, треба да му дадете на вашиот партнер чаша со вода и најмалку 15 минути за релаксација. Тоа значи дека не треба да завршувате со реченицата „Сега сум јас на ред“. Почекајте да поужива во релаксирана состојба.

 

 

Напиши коментар