Free zone

Совет како да се опуштите на првиот состанок!

Спремете се за првиот состанок:

  • Чекорот го менува изгледот и впечатокот

Одењето е најбрза психодијагноза. Самоуверените луѓе одат побрзо па иако не се брзате, забрзајте го вашиот од. Ќе изгледате и ќе се чувствувате поважни, знаете што правите и каде сте тргнале.

  • Подигнете го погледот

Луѓето со спуштени рамена и залутани погледи даваат впечаток на несигурни песимисти. Исправете се, подигнете ја главата и гледајте во очи. Така ќе се чувствувате посилни.

  • Фалејќи ги другите, се фалите себеси

Избегнете трачарење, уништете го тој маѓепсан круг на негативноста и нека ви премине во навика пофалбата за луѓе кои заслужиле да ги добијат вашите убави зборови. Фалејќи ги нив, вие се фалите себеси како голема личност.

  • Седнете во прв ред без страв

На состаноци или на концерти луѓето настојуваат да седнат во задните редови бидејќи се плашат да не бидат забележани. Победете го ирационалниот став и изградете самодоверба.

  • Нека се слушне и вашиот глас

За време на расправа многу луѓе молчат плашејќи се да не испаднат глупави. Ако се потрудите да го изразите вашето мислење барем еднаш, ќе станете подобар и посамосовесен соговорник.

  • Половина час вежби за 24 часа среќа

Со вежбање ќе дојдете во форма, но и ќе го исфрлите стресот и ќе го ослободите хормонот на среќа. Ќе создадете позитивно расположение на кое ќе можете да “пловите” во остатокот од денот.

Напиши коментар