Free zone

Совети како да фатите слободна жена!

Се случува често да излеземе на пијачка и да налетаме на жена, која подоцна ќе излезе дкеа  не е слободна. Прочитајте ги советите за да знаете како да ги препознаете и да бидете претпазливи од таквиот тип жени

  • Разговара со повеќе мажи во клубот – Ако забележите дека разговара со повеќе мажи кои не се од нејзиното друштво, тоа може да значи дека е отворена за разговор и запознавање на нови луѓе.
  • Другите парови ги следи со носталгија во очите – Ова е знак дека можеби се присетува на деновите кога била среќна во врска.
  • Говорот на телото кажува сè – Ако сте запознаени со барем неколку основи на заведување, тогаш сигурно знаете дека говорот на телото може да каже многу за вас. Ако е зафатена нема да игра со косата и да ги предизвикува мажите. Затоа обидете се да забележите следните знаци: прекрстени раце обично значат дека не е заинтересирана, случајно допирање за време на разговорот значи дека е заинтересирана.
  • Отворена е за разговор – Ако започнете разговор, а таа ви кажува дека има куче кое се вика Фидо, дека сака да готви, дека оди во теретана секој ден, дека сака да фотографира, тогаш големи се шансите таа да е слободна, бидејќи тука можат да се забележат два знаци: дека има многу слободно време и дека е отворена и пријателски расположена.
  • Често излегува со пријателките – И зафатените жени излегуваат со пријателките, но мораат да пронајдат време и за својот партнер. Ако ја видете неа повеќе пати во клуб со пријателките, за време на краток период, големи се шансите да е слободна.
  • Ги набљудува луѓето околу себе – Освен ако не е тоа нејзина навика, доколку забележите дека со очите “ја снима” целата просторија, треба да ѝ пријдете. Жените кои се зафатени, обично не го набљудуваат цел клуб (освен кога бараат познат), бидејќи не излегуваат со намера да запознаат нов маж.
  • Воспоставува контакт со очите и ви се смешка – Контактот со очите обично е еден од првите знаци дека е заинтересирана. Ако сте успеале да го воспоставите, тоа може да значи дека е отворена за разговор и запознавање на нови луѓе.

 

Напиши коментар