After Midnight

Совети како до уште подобар секс!

Дали знаете дека постојат вежби за подобар секс.

Секоја физичка активност може да ви го подобри сексуалниот живот. Но, постојат вежби наменети токму за мускулите таму долу.Кегеловите вежби можат да ви донесат поинтензивни оргазми или да ви помогнат да ги достигнувате почесто.
Мажите не обрнуваат внимание на вашите несовршености за време на секс.Вие може цел ден да мислите за црвената точка што ви се појавила на задникот или зацелулитот. Но, мажите се толку многу обземени од возбуда кога ќе здогледаат голо женско тело што не можат да размислуваат за ништо друго, а не пак за вашите несовршености.

Вашиот партнер не може да чита мисли, давајте инструкции. Доколку сакате нешто од него, треба да му го кажете јасно и гласно. Ако не барате, нема да добивате, па наскоро сексот може да ви стане досаден и да не ви носи никакво задоволство ивозбуда. Отворената комуникација е клучот за добар секс. Не треба да ви претставува проблем да му посочите на партнерот што сакате и како го сакате.
Истовремениот оргазам е тешко достижен. Не се обидувајте да го темпирате свршувањето за и двајцата да свршите истовремено. Така ќе се чувствувате под притисок и освен што може да ви се намалат задоволството и забавата, може и да го „изгубите“ вашиот оргазам.
Лубрикантот не е само за анален секс. Чест проблем поради кој жените не уживаат во сексот е недоволната влажност на вагината. Сувата вагина е гаранција за болен и непријатен секс. Секогаш имајте при рака лубрикант за да ги избегнете проблемите со влажноста.

Во секоја врска се појавува сушен период. Нема потреба за паника ако во одреден период настапи пауза во заедничкиот сексуален живот. Тоа не значи дека дошол крајот на врската. Не може да очекувате дека постојано ќе живеете како да сте на меден месец. Верувајте дека кога ќе одмине кризниот период ве очекува многу побурен секс. Сепак, ако „сушата“ продолжи долго време, тогаш иницирајте разговор во 4 очи.

Write A Comment