Доколку за време на сексуалниот однос не можете да доживеете оргазам, тоа не значи дека нешто не е во ред со вас. Тоа вас не треба да ве грижи.
За да постигнете оргазам мора да бидете во одредена поза и без беспотребни мисли во главата. Кога е жената уморна или оптреретена со некои работи, потешко е да доживее оргазам.
Понекогаш може да се случи да доживеете оргазам, а да не ни знаете дека сте доживеале. Понекогаш се случува оргазамот да е со послаб интензитет и да не сте сигурни дали сте доживеале или не.
За да доживеете оргазам пробајте различни пози и ако нешто не ви одговара, кажете му на партнерот. Кажете му што ви се допаѓа и како сакате да ве допира за да дојдете до врвот на задоволството.
