After Midnight

Совети за првиот секс со нов партнер

Возбуда, возбуда и пак возбуда. Тка можеме да го опишеме чувството кога времето на голата вистина со новото момче се наближува. Но меѓу илјадниците прашања – како ќе помине, ке се претставам ли добро, ќе му се допаднам ли без облека, ќе продолжи ли долго – треба да размислиме за поважните нешта, поврзани со првиот секс.

Не прави се одеднаш

Огромна грешка на повеќето девојки е во идејата да се покажат добри во креветот, да ги изиграат сите свои адути уште од првиот пат. Тоа не се прави поради две причини. Прво, ако сакаш долготрајни односи, ќе биде подобро да го изненадуваш секој пат. Второ – демонстрацијата на толку многу искуство во почетокот е најблаго речено збунувачки.

Зборувај

Многу луѓе се срамат уште во почетокот да си кажат што им се допажа во сексот. Но, ако размислите, ќе сватите дека токму тогаш е најсоодветно овие работи да се делат. Па нема голем ризик од фаули.

Претпазливи мерки

Тоа дури нема зошто да го разгледуваме. Само ќе ве потсетиме дека безбедниот секс е можеби нешто на што треба да обрнете најмногу внимание. Бидејќи последиците се сериозни!

Нема преувеличени очекувања

Тоа е како со палачинките – првата речиси никогаш не испаѓа добро. Не дека ќе те чека неуспех, но сепак, партнерите имаат потреба од време за да се синхронизираат и запознаат во кревет. Совршен секс можеш да очекуваш само после првите 4-5 пати.

 

Напиши коментар