Американецот Чак Тарнер (45) од Тексас бил тежок скоро 320 килограми, а абнормалната тежина ја достигнал по трагедијата, кога му ја убиле првата жена.
-Почав да јадам фаст фуд три пати на ден – вели Чак.

Заради прекумерната тежнина му било озбилно нарушено и здравјето, имал голем оток на левата нога. Не можел повеќе да оди на работа и не можел самостојно да се облече.
Сепак, откако направил операција на желудникот, Чак ослабел неверојатни 190 килограми.

-Пред операцијата имав проблем со дишењето и не можев да стојам. Секојдневните активности ми претставуваа огромен проблем – вели Тарнер.
Инаку овој човек од Тексас ја раскажал својата приказна на каналот TLC.
Погледнете го видеото:
