Не постои дефиниција која може да го дефинира нормалниот маж. Но тоа не му пречело на едно списание да испита 1.032 мажи за нивните верувања, однесување во општеството и нивните ставови за различни прашања.
Новото истражување открива што мажите мислат за стриптиз клубовите, за изговорените зборови “Те сакам”, за маникирот и за многу други работи.
Погледнете ги резултатите
44 проценти од мажите велат дека имаат само еден пријател од женски пол (околу 38 проценти од мажите велат дека дури половина од нивните пријатели се жени, а само 13 проценти мажи велат дека имаат само пријателки односно дека од сите пријатели кои ги имаат скоро сите се жени).
66 проценти од мажите барем еднаш на ден некој им кажува “Те сакам”
37 проценти од мажите велат дека не би уживале доколку би отишле во стриптиз клуб – дури ни малку.
24 проценти од мажите велат дека маструбирале на работа, но затоа 9 проценти од мажите рекле дека никогаш не маструбирале дома.
25 проценти од мажите биле на маникир.
38 проценти од мажите велат дека доколку некоја популарна веб страна би поставила фотографија на гол маж, било да е тој некоја позната личност, атлетичар или глумец тие сигурно би ја погледнале таа фотографија.
