Free zone

Тигар и човек – најдобри пријатели (Видео)

Момчето од Индонезија, Абдул Шоле спие, си игра и се бори со тигарот, кој е негов најдобар пријател веќе неколку години.

Тој развил необично пријателство со бенгалскиот тигар тежок 178 килограми. Нормално спие,си игра и се бори со големиот тигар. Тие толку се зближиле, што момчето не спие во кревет туку покрај тигарот кој е долг три метри.

Меѓутоа во текот на спиењето, поради безбедносни причини, во собата се поставени метални шипки помеѓу нив. Сепак тие си ја додаваат раката и шепата со кои се допираат.

Тигарот јаде пилешко или козјо месо два пати на ден. Се верува дека тигрите утепале многу повеќе луѓе од било кој друг вид на мачки.

Од 1800.до 2009.година тигрите имаат убиено 373.000 луѓе.

Write A Comment