Не е шега. Математичарите од Хрвард откриле три многу необични прашања за кои тврдат дека непогрешно откриваат дали врската има потенцијал. А помеѓу нив нема нешто слично како: дали сакаш деца, дали гласаш на изборите и слично, туку станува збор за крајно неочекувани и наизглед многу банални работи.
Трите клучни прашања се: Дали сакаш хорор филмови? Дали некогаш си патувал сам во странство? И Дали би било забавно да напуштиш се и да живееш на едрилица?
Четворицата експерти кои ги смислиле овие прашања се всушност креаторите на сајтот Ok Cupid, најбрзата растечка веб-страница за онлајн дружење. Со оглед на огромниот број на податоци до кои имаат пристап, благодарение на сајтот, овој тим се обидува со помош на броевите да создаде алгоритам на компатибилноста, кој би ја олеснил проценката на потенцијалниот партнер.
Наведените три прашања се покажале како клучни. Според научниците, ако партнерот одговори исто на сите три исто како и вие – ќе бидете одличен пар!
Освен овие три клучни прашања, математичарите откриле и што најмногу ги одбива луѓето за време на онлајн запознавањето. На прво место е лошата граматика и правопис. Исто така се покажало дека користењето на зборовите како “фасцинантно” и “прекрасно” има далеку подобар ефект од “секси” и “убаво”.
