Група јапонски научници спровеле експеримент, во кој ги собрале отпечатоците од прсти на повеќе од 50 000 луѓе. По внимателна анализа тие откриле дека луѓето со слични отпечатоци имаат многу заеднички црти од карактерот, посебно кога станува збор за начинот на кој ја изразуваат љубовта.
На крајот научниците ги разделиле отпечатоците на 8 групи, и составиле детална анализа на сопственикот. Во која група спаѓате вие? За да дознаете треба едноставно да го споредите отпечатокот од показалецот на десната рака со моделите на сликата.

А. Вие сте исклучително лојални кон партнерот, но само кога сте навистина вљубени. Давате доволно во љубовта, но понекогаш ви недостасува ентузијазам. За вас чистите односи се единствената алтернатива.
B. Можеби на моменти ви се чини дека не сте способни да живеете како останатите луѓе. Мислите дека сте зависник од емоцијата и не можете да се навикнете на рутината. Но, вистината е дека сте од онаа посебна раса, која сака да грабне од животот и тешко би се задоволиле со партнер кој не вибрира на вашите фреквенции. Кога ќе се судрите ( а можеби веќе сте го сретнале) својот човек, ќе познаете веднаш и ќе сватите дека се што сте мислеле претходно било погрешно.
C. Имате склоност да ја идеализирате љубовта, и партнерот. Затоа ве боли повеќе, кога ќе ја видите вистинската страна на нештата. Очекувате премногу, но треба да запомнете дека партнерот не е врачка и не чита мисли. Не може да очекувате да знае што ви е во главата. Нучете да зборувате, не стојте пасивно, за да нема потоа разочарувања.
D. Простувате исклучително тешко, дури и кога станува збор за нешто мало. Лесно се разочарувате и тешко им се доверувате на другите. Во исто време сте и многу чувствителни, но некако ви е тешко да ги правите оние мали нешта, кои тoлку ја радуваат љубовта.
E. Вие сте романтична личност. Си ги претставувате односите на еден многу чист начин – без лаги, без навреди, без неверстава. Проблемот е што имате превисоки критериуми кон партнерот, па затоа постои ричик често да се разочарувате.
F. Знаете да сакате толку страсно што воопшто не размислувате дека можете да се изгорите. Всушност тоа воопшто не ви пречи, затоа што верувате дека љубовта треба да биде силна , а не само површна.
G. Понекогаш ви е тешко да се откриете себе целосно. Преферирате да земате отколку да давате. Тоа не ве прави егоисти, само сте претпазливи. Вие сте тешка личност за заеднички живот, ако треба да сме искрени.
H. Не сте баш од најромантичните, дури напротив. Најверојатно сте имале неколку пропаднати врски заради тешкиот карактер. Сакате да го следите вашиот ум, а не срцето.
