After Midnight

Утрински секс за поголема емоционална блискост

Доколку сакате да бидете поинтимни со партнерот и во посилна емотивна врска, тогаш би требало сексот, кој вообичаено го практикувате пред спиење, да го замените со утрински секс.

Освен што со утринскиот секс ќе постигнете поголема интимност и емотивно поврзување со партнерот, ќе бидете и порасположени во текот на денот. Со доживување оргазам во утринските часови се поттикнува циркулацијата на телото, што позитивно делува на вашата кожа и коса.

Истражувањата покажале дека утринскиот секс ја зголемува плодноста кај жените и квалитетот на спермата кај мажите.

Исто така, од истражувањата се покажало дека утринскиот секс позитивно делува на здравјето на срцето и крвните садови, тоа е добра вежба за телото и го намалува ризикот од инфаркт.

Со утрински секс се зголемува производството на антитела кои имаат задача да ве штитат од инфекции и го подобруваат вашиот имунитет.

Write A Comment