Инспирацијата ја добиваат од природата, модата и визијата, брендот Van Cleef & Arpels секогаш не изненадува со фантастични ремек дела во делот за накит и часовници.
Нивната последно остварување беше на саемот за часовници и претставува неверојатен инженеринг, дизајн и уметничко дело.
Полноќен планетариум е часовник кој репродуцира движење на шест планети од нашиот соларен систем, а нивната ротација околу сонцето е во реално време. Тоа значи дека некои од нив навистина споро се поместуваат, додека други побрзо.

