After Midnight

Ве критикува жената? Еве зошто.

Истражувањата покажуваат дека жените имаат тенденција да испраќаат по емоционално ориентирани пораки од мажите. Во една ситуација на пример, кога од одеден број мажи и жени се побарало да напишат љубовна приказна, таа на мажите била 50% пократка од онаа на жените. Исто така доказите укажуваат на тоа дека мажите преферираат фокусиран пристап како одговор на стресна ситуација, за разлика од жените кои се залагаат за емоционална поддршка. На пример кога таа ви раскажува за нејзиниот стресен ден на работа, вие под тоа разбирате “барање помош за решавање на проблемот”, но во суштина, таа бара поддршка од зборови, наместо конкретна помош.

Ваквите полови разлики често ќе ве доведат во ситуација да се најдите обвинет како недоволно вљубен во неа, чисто заради тоа што таа очекува од вас поголема емотивна експресивност и прилагодливост.

Кога ќе се најдете во жарот на кавгата со вашиот партнер, обземени од негативни емоции, лутина и гнев, вашето тело може да ви даде две опции- борба, напад, или повлекување. Причината што мажот ќе го одбере повлекувањето е тоа што неговиот кардиоваскуларен системе многу повеќе реактивен на стрес, од онај на жените, што го прави неговото искуство со силни емоции, крајно непријатно.

Со цел да ја избегнат таа сензација, мажите отстапуваат. Но тоа нормално не го решава проблемот и не ја олеснува ситуацијата, бидејќки се јавува нов проблем- таа си мисли не ја слушате, не давате одговор и значење на нејзините критики, што прави да критикува повеќе откако ќе ја треснете вратата. За да се ослободите од негативните чувства, следниот пат кога ќе се доведете до кавга, едноставно кажете – Се чувствувам премногу гневен за да го продолжам сега разговорот, ми треба пауза. Голема е веројатноста таа да ја разбере вашата потреба, бидејќи во најмала рака, нема да се чувствува игнорирана.

Напиши коментар