Освен за хигиенските навики, можеме да добиеме многу важни информации од раката на мажот и попрецизно од дланката. Следењето на дланката нуди едноставен начин да ги дознаете неговите намери. И не треба да го правите тоа со долго гледање на дланката, доволно е само да фрлите еден поглед и да дознаете дали предметниот маж е од сериозните фраери кои бараат стабилни односи, или спаѓа во групата на апсолутни женкари и тоа од оние непоправливите.
Постојаните партнери 
На прво место е важно линијата на срцето (а) да е јасно изразена и длабока. За овие луѓе романтичните односи се од огромно значење. Тие бараат вистинска љубов и држат до здрава врска.
Ако линијата на срцето е сместена пониско, значи категорично мажот е сериозен и не паѓа на секс за една ноќ, претпочита долга врска и сигурно е верен. Но често ќе се плаши да го направи првиот чекор.
Ако линијата на срцето завршува со форма слична на вилушка (б), занчи мажот е исто така сериозен, но не е љубител на романтиката. Ќе ви прави убави гестови, но само на почетокот. Потоа не очекувајте моменти како од розовите романи. Но убавото е дека е решителен – ако сака брак и деца, ќе ви го каже тоа дирекно, без двоумење.
Ако линијата на судбината (в) и линијата на животот (г) имаат општ почеток, значи зборуваме за човек кој има исклучително чувство за долг кон семејството. Во случај да создадете такво, бидете уверени дека тој секогаш ќе биде до вас. Дури и ако многу го повредите.
Женкарите 
Ако линијата на срцето е кратка (и), тоа е знак дека тој маж не е сериозен во врските. Тој многу тешко се воздржува од искушенијата.
Ако линијата на животот не се вкрстува (допира) со ниту една друга линија (к), значи предметниот господин има постојана потреба од докази за машкост. Доколку успеете да го натерате да се чувстува како вистински маж, нема никаква пречка да ви остане верен.
