Голем број од жените се фалат дека се добри во кревет пред своите пријателки, некои од нив се нарекуваат и секс божици. Едноставно знаат како да го доведат партнерот до лудило. Во што се состои нивната тајна?

Добрите љубовници во се` гледаат еротска инспирација. Така на пример за вечерно излегување ќе облечат високи потпетици кои подоцна ќе останат на нозете додека се во кревет со партнерот. Водат љубов на необични места, од кујнската маса па се до јавните тоалети.

Во текот на сексуалниот однос не се воздржувајте од допирање на своето тело со што му давате до знаење на партнерот дека сте самоуверена, а честопати не се срамете и вие самата да иницирате секс.

Не се срамите од својата сексуалност, отворено зборувајте за тоа што ви се допаѓа, бидете креативни, опуштени и страствени а вашиот партнер ќе го почуствува сето тоа.

Напиши коментар