← НАЗАД НА БОЗА

Вил и Џејден Смит “најдобри” на Малините!

Вил и Џејден Смит “најдобри” на Малините!
554 Читања

Како најдобар на Малините може да се обележи филмот „After Earth“ со Вил Смит и неговиот син Џејден кој освои 3 Златни малини. Џејден за најлош актер, Вил за најлоша споредна улога и двајцата за најлоша комбинација татко-син филмски ѕвезди.

„Movie 43“, иако е филм со многу звучни имиња како Хали Бери, Кејт Винслет и Хју Џекмен освои 3 Златни малини за најлош филм, најлошо сценарио (19 сценаристи) и најлош режисер, филмот има 13 режисери.

Иако Адам Сендлер во својата актерска кариера има освоено 20 номинации за Златна малина, не успеа да победи во ниту од седумте номинации за комедијата „Grow Ups 2“.

Филмот „The Lone Ranger“ со Џони Деп, кој е инвестиција од 200 милиони долари, доби Златна малина за најлош римејк.

Тајлер Пери освои Златна Малина за улогата во „A Madea Christmas“, а за најлоша женска споредна беше наградена Ким Кардашијан за „Temptation“.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk