← НАЗАД НА БОЗА

Вистинити стереотипи за мажите

Вистинити стереотипи за мажите
718 Читања

Постојат многу стереотипи за мажите. Иако некои од нив се покажаа како целосно неосновани, ви откриваме четири стереотипи за мажите кои се вистинити.

Пораките не им се специјалност

Ако не ви одговори на пораката, не мислете дека не му е грижа за вас. Ретки се они кои сакаат смс комуникација, па затоа нека не ве изненади ако “на лош начин” ви одговори на пораката. Жените ги сакаат пораките поради неизвесноста која им ја носат, но мажите преферираат комуникација во живо.

Не знаат да разговараат за чувствата

Ретки се чувствителните мажи кои ќе ви кажат сè што ги мачи. Но, тоа не значи дека немаат емоции, туку дека не сакаат да зборуваат за нив. За разлика од жените, мажите немаат потреба да ја објаснуваат секоја емоција.

Мажите ја бараат својата мајка во партнерката

Дури и истражувањата потврдија дека мажите, кога бираат партнерка, длабоко во себе ја бараат својата мајка. Но, ни жените не се поинакви, бидејќи тие го бараат таткото – мажите со кои се чувствуваат сакани, сигурни и заштитени. Мажите, од друга страна, сакаат некој кој ќе се грижи за нив, ќе им готви, ќе ги сака без оглед на сè.

Сакаат да гледаат жени кои добро изгледаат

Мажите едноставно не можат да не се свртат по некоја згодна жена. Тоа не треба да ве загрижува бидејќи тоа не значи дека сака да ве мами.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk