Celebrity

Вивиен Вествуд дизајнираше венчаница за Гица Прасица

Славната Гица Прасица, дивата на Мапет Шоу, веќе носеше креации на многу луксузни дизајнерски куќи, а нејзината венчаница ја дизајнираше легендарната британска дизајнерка Вивиен Вествуд.

Гица Прасица новата прекрасна венчаница ќе ја облече во новиот филм на Мапет Шоу, кој излегува оваа година, иако нејзиниот жабец Кермит сеуште формално не ја запросил. По тој повод, симпатичната Гица позираше во прекрасна волуменозна венчаница за американското издание на списанието “Harper’s Bazaar”.

Фустанот е изработен од пластични шишиња за вода, а инспирирана е од модата во британското кралство во 17 век.

Освен венчаницата, Вествуд за Гица дизајнирала и сив капут со шешир и сребрен рачно извезен цветен фустан.

Write A Comment