Free zone

Внимавајте да не ги навредите жените!

Мажите често знаат несакајќи да изустат нешто, што за женскиот карактер – односно его ќе звучи како навреда. Затоа во прилог се добро извоени фрази кои треба да ги избегнувате ако сакате да освоите некое женско срце.

  • „Не изгледаш како за годините“, Ваквата изјава делува збунувачки, а може и да биде навредлива кон жените. Ако мажот мисли дека жената изгледа како 21 годишна девојка, а всушност има 35 години, тогаш тоа е прекрасен комплимент.  Но ако има 25 а ти ѝ кажуваш дека личи како за 18, големи се шансите да си сфати дека е незрела.
  • „Слаба си“, Мажите навистина сакаат девојки на кои имаат што да видат и секако допрат. Но кога станува збор за килограмите жените се многу чувствителни. Оваа изјава нема да биде комплимент туку навреда бидејќи слабите жени се всушност ненадарени.
  • „Имаш егзотичен нос’’, Што би требало ова да значи? Има штангла на лицето? Со оглед на тоа дека многу луѓе имаат комплекс за носевите треба да знеш дека воопшто не треба  да го спомнуваш овој дел од телото.
  • „Фино си пополнета“, Или елегантно пополнета, НЕ! Тоа за жените ниту е комплимент ниту е бонтон. Некаде можеби ќе биде сфатено како комплимент, ама кај нас нема шанси.

    Освен тоа нејзините облини можеби навистина ви се допаѓаат, но таа тоа нема да го разбере ако ѝ дадете комплимент од овој вид.

  • „Имаш големи очи“, Реално гледано, кравите имаат прилично големи очи. Затоа, овој комплимент најдобро е да се замени со срна.

Напиши коментар