После активноста некои работи не е дозволено да ги правите! Ако направите нешто што нема да ѝ се допадне на партнерката, верувајте, за неа тоа ќе ја обележи вечерта. За да не дојде до тоа, избегнувајте ги овиее ситуации:
1. Не критикувајте!
Ова е најважното правило во креветот. Никогаш немојте да ја критикувате партнерката после секс, или да ја споредувате со некои претходни искуства – последиците ќе бидат катастрофални. Сигурно нема да добиете подобар секс после таа критика, најверојатно само поредок.
Ако за време на сексот партнерката направила нешто што не ви се допадна, немојте веднаш да го решавате проблемот. Одложете за друго време и друго место.
2. Не трчајте по лап-топот или смартфонот
Свршивме работа и сега да видиме што има на ТВ или FB? Не! Заборавете на тоа барем десетина минути. Посветете уште малку време на девојката, макар и само лежејки во креветот, гушнати.
3. Да станеш и да си заминеш?
Една работа е ако сте се договориле на секс “од нога” во гужва или при недостаток на време, но не го правете тоа неочекувано, особено кога немате некое логично објаснување. Таквиот потег говори дека воопшто не ја почитувате партнерката и нејзините емоции и на неа гледате како на предмет за задоволување на потребите.