← НАЗАД НА БОЗА

Во кои работи веруваат жените, а не се вистините!

Во кои работи веруваат жените, а не се вистините!
414 Читања

Повеќе сакаме кога нешто останува неоткриено –  Повеќе сакаме да ги гледаме жените голи отколку во деколтирана маичка, низок струк на фармерки, долна облека или по бањарка.Секако дека се возбудуваме кога ги соблекуваме и уживаме кога фантазираме за тоа, меѓутоа уште поголемо уживање е тогаш кога гледаме жена без ниту едно парче облека на неа.

Се плашиме од независни жени – Оваа невистина особено не важи за мажите помлади од 40 години. Тие сакаат да се дружат, да запознаваат и да бидат во врска со сигурни и независни жени. Голем дел од мажите не би се ни се впуштиле во врска со жена којашто не е независна. Доколку се плашиме од самоуверени жени, тогаш станува збор за недостаток на самоувереност и поради тоа се чувствуваме загрозени, а на прво место ни е грижата за тоа што ќе си помислат нашите пријатели. Спротивно на тоа, оние коишто се самоуверливи ќе бидат горди на својата силна, независна партнерка, и нема да мислат дека им е одземена машкоста.

Не можеме да имаме жени пријатели – Ова е честа тема за дискутирање, меѓутоа сите се сложуваат дека е чиста лага идејата дека мажот и жената не можат да бидат пријатели, а да нема сексуална привлечност. Далеку од тоа дека нема нашата пријателка да ја сметаме за атрактивна, меѓутоа тоа не значи дека сакаме да имаме секс со неа. Така што, ние сме способни да се дружиме со девојки со коишто не ни помислуваме да бидеме сексуално интимни.

Нема да ги почитуваме ако спиеме со нив на првиот состанок – Сеедно е ако имаме секс на првиот или сто и првиот состанок. Сексот, односно, неговото случување не влијаат на тоа колку ќе ги почитуваме жените. Доколку жените донесат ваква одлука врз база на тоа што тие си претпоставуваат, можат многу да се разочараат

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk