Секс во вода за многумина е една од најомилените еротски фантазии, но за тоа сценарио потребно е и некое предзнаење за можните позиции кои таа авантура ќе ја направат возбудлива и незаборавна.
Чувството на адреналин поради помислата дека ќе бидете фатени на дело, близината на голите тела и чувството на бестежинската состојба во вода, секако дека ја прават идејата за секс во вода многу привлечна. Сепак, не заборавајте дека водата не дава никаква зашитта од бременост или сексуално преносливи болести, а кондом е исто така непожелен бидејќи може да се оштети од хлорот или солта.
Секс во море
Имајте на ум дека морската вода помага во измивање на природниот лубрикант, т.е. влажноста на вагината, па затоа причекајте со сексот додека партнерката е многу возбудена за да се минимизира можноста за болка.
Во плиткото
Ако сте на осамена плажа, пробајте секс во вода која достигнува до градите, така што тој ќе стои на нозете, додека партнерката треба да го опколи со нозете. Со подигање и спуштање на нејзините нозе, се менува и аголот на пенетрација, што ќе придонесе за дополнителна возбуда.
Поза на морско коњче
Ако сте во плитко каде водата не сопира ни до колената, на пример ноќе, идеална позиција е онаа во која таа е “горе”. Партнерот треба да легне на грб и да се подигне на подлактиците, додека партнерката може да земе јахачка позиција, така што со грбот е свртена кон неговото лице, во седечка позиција и со стапалата на песокот. Со рацете може да се потпре на неговата карлица за да си обезбеди поддршка.
Позиција “во прегратка”
Партнерот треба да седне на морското дно, а партнерката треба да седне на него и да го прегрне со нозете, така што ќе ги постави потколениците на дното. Во оваа поза поддршката е многу добра и обезбедува максимално задоволство, а исто така ги остава рацете на партнерот слободни за дополнителна стимулација.
Душек како помагало
Ако имате душек, може да се одалечите од брегот и да уживате во поголема дискреција. Партнерката треба да легне на душеко со лицето надолу, така што нозете ќе и бидат во вода, а задникот на самио преклоп. Партнерот треба да пријде од задната страна и со подигање и спуштање на нејзините нозе да го диктира темпото. Доколку оваа позиција ви е тешко изводлива, секогаш можете да уживате во орален секс, каде длабочината е неважна.
