Колку и да сте свесни за проблемите во една врска , одлуката за нејзиното прекинување е најтешка.
Но , понекогаш со целиот тој труд тоа едностано не е возможно. Некогаш, прекинот е најдоброто решение, а за да дознаете подобро дали сте “зрели” за раскинување, ви откриваме неколку знаци кои укажуваат дека дојде време за “збогум”.
Преовладува негативноста
Некогаш најдоброто решение се бара на наједноставен можен начин. Составувате попис на добрите и лошите страни на врската. Доколку лошите страни се најбројни, можеби е време да побарате некого со кого ќе делите многу поубави моменти.
Ве нервира сé што кај него пред тоа сте сакале
Некогаш, ситните негови навики ви биле слатки, а сега начинот на кој прави вообичаени работи, толку ве нервира што не можете ниту да го гледате. Не ја префрлајте вината во него, бидејки тој не се променил. Вие сте се промениле, а и вашата љубов кон него.
Сакате да бидете на некое друго место
На почетокот на врската не се одвојувате еден од друг, но со текот на времето, тоа чувство исчеснува. Доколку сега порадо би биле на некое друго место освен со него , време е да размислите за вашата врска.
Постојано се препирате за исти работи
Караниците можат да бидат корисни, но не секогаш. Доколку по заедничкото време и понатаму викате еден на друг поради исти нешта, вашата врска е во озбилна криза. Доколку наместо барање на решение, вие упорно викате на него, за врската нема спас.
Очите ви “лутаат”
Предходно, не ги ни приметувавте згодните фраери, но сега секој ви изгледа совршен во однос на вашиот партнер. Сосема е природно да ги меркате згодните фраери, но, доколку не можете да го оттргнете погледот од некој маж, тоа е јасен знак дека исчезнала привлечноста помеѓу вас и вашиот партнер.
