Понекогаш се случува – можеби и на вас ви се случило – запознавање, секс и толку! За мажите тоа е лесно. Дури за повеќето – правилно. За нас жените е сосема различно, болно и навредливо.
Сексот е нешто сериозно. Кон тоа би требало да се однесуваме со одговорност. Бидејќи носи со себе сериозни последици – несакана бременост, болести, да не зборуваме за психичките проблеми, кои исто произлегуваат …
Затоа е добро да го познавате партнерот. Се смета дека едномесечно познанство е премалку за секс, но решението е ваше. Добро е да ги знаете неговите ставови за интимниот однос меѓу луѓето и да откриете дали ви се поклопуваат мислењата и погледите. Треба да сте сигурни што точно сакате и што точно сака тој.
Ако сепак ви се случи секс за една ноќ, а на вас сеуште ви се допаѓа тој човек, а тој повеќе не ви се јавува – подобро не се трауматизирајте, заборавете го и погледнете наоколу – светот е преполн со убави мажи!